Низ повеќе годишнотот работење од самиот почеток најзастапени по број се популарните сплит системи (splited) – раздвоени кои се најпрактични за монтажа и истовремено заради раздвоениот кондензатор и компресор (надворешна единица) од испарувачот (внатрешна единица). Практичноста и достапноста на цената овозможија масовна продажба на вакви единици низ годините од најразлични производители.
Постојат повеќе изведби на внатрешни единици од сплит системите:
– Ѕидна (High..) најзастапени во вкупниот број на продадени единици
– Парапетна или конзолна (Convertible console)
– Касетна (Cassette)
– Каналска (Ducted)
– Вертикална на под (Floor Standing)
И другите изведби на внатрешните единици од различни производители.
Секоја од изведбите на внатрешните единици има своја специфика и предност за посебна намена.Заради релативно лесна монтажа, поефтина продажба и цена наоѓаат масовна апликација во најразлични објекти, почнувајќи и од:
- Станови,
- Деловни простории,
- Канцеларии,
- Изложбени салони,
- Ресторани,
- Кафе барови,
- Хотели,
- Производни погони … и многу други примени.
Најчести јачини (големини на клима уредите) се:
– Ѕидна (High..) и
– Парапетна и конзолна(Convertible console)
9000 Btu (2.5 kW)
12000 Btu (3.5 kW)
18000 Btu (5.0 kW)
24000 Btu (6.5 kW)
30000 Btu (8.5 kW)
– Касетна (Cassette)
18000 Btu (5.0 kW)
24000 Btu (6.5 kW)
30000 Btu (8.5 kW)
45000 Btu (12.0 kW)
54000 Btu (14.5 kW)
– Каналска (Ducted)
24000 Btu (6.5 kW)
45000 Btu (12.0 kW)
60000 Btu (17.0 kW)
– Вертикална под (Floor Standing)
45000 Btu (12.0 kW)
54000 Btu (14.5 kW)
Истите изведби можат да се сретнат и во други големини (помеѓу овие вредности).